30 избрани кандидати ќе имаат можност први да ја вкусат новата Милка чоколада
Чоколадото, со одличниот вкус (а со тоа и многуте задоволства што ги нуди), има голем број придобивки за нашето здравје, особено ако е со висок процент на какао. Го сакаме во сите негови форми и вкусови, со најразлични додатоци како бисквити, овошје, а во последно време има се повеќе и повеќе додатоци кои се комбинираат со чоколадото. На пример, сол, крекери, пиперки, чили… и мора да бидеме искрени, на никој нема да му биде лошо да живее во чоколадна куќа. И бидејќи малку потешко можеме да ја исполниме оваа желба, можеби вашата втора желба е да бидете професионален дегустатор на чоколадо?
Ако одговорот е да, ова е вашата одлична можност. Имено, Милка Хрватска има отворен конкурс на кој се бара дегустатор на чоколадо!
Значи, доаѓа нов вкус на млечно чоколадо, а вие како дегустатор ќе имате шанса да го пробате први. Правилата на конкурсот се многу едноставни: кандидатите треба да објават фотографија или видео од својата омилена чоколада на својот профил на Инстаграм, притоа објаснувајќи зошто баш тие треба да бидат дегустатори. Се разбира, кандидатите се охрабрени да бидат оригинални.
На секој до 30-те избрани кандидати ќе му бидат доделени 2 награди: покана за две лица за настанот: Јас сум дегустатор на Милка во Загреб и сладок пакет со пазарна вредност од 297.73 куни.
Вистински предизвик за љубителите на чоколадото!