Оваа балканска убавина нуди неверојатна вредност и убави пејсажи далеку од летните гужви, пишува магазинот Irish Times за прекрасниот Охрид.
– Дали сте слушнале за Охридското Езеро? Тоа се наоѓа во Република Македонија и е едно од најголемите и најдлабоките езера, за кое многу луѓе не знаат ништо. Оваа држава е често во сенка на нејзиниот сосед Грција. Едноставноста и ниските цени за патување меѓу двете држави овозможуваат лесен престој во овој дел од Европа. За да ни биде интересно, ние патувавме со деветмесечно бебе користејќи јавен транспорт, наведува во сторијата новинарот William Burton.
Авторот на текстот наведува дека по престојот во Скопје, тие заминуваат во Охрид, каде е многу лесно да се стигне поради туристичките агенции кои продаваат автобуски билети на Меѓуградската станица.
Охрид е стар град кој постоел за време на Римската импереија со многу споменици и стара архитектура. Тоа го покажува и античкиот театар, кој ја пренесува приказната за гладијаторите кои во тоа време се бореле таму. Добро зачуваната црква, св. Јован лежи над езерото. Во срцето на стариот град се наоѓа базиликата на Св. Софија. Овој храм е изграден во годините 1037-1054. Охрид е познат и по фактот дека во овој град познатите браќа, Кирил и Методиј работеле на создавањето на словенската азбука.
Потребни се три часа да се стигне со автобус до Охрид од Скопје. Охридското Езеро им припаѓа на Македонија и Албанија и е многу познато, како за домашните, така и за странските туристи. Авторот ја наведува и својата восхитеност од стариот град на Охрид, кој има многубројни ресторани кои потсетуваат на историјата на Македонија под Отоманско владеење, но и вкусовите на Турција и Средниот Исток. Тој наведува дека Охрид е исто така познат и како Ерусалим на Балканот, а како локации кои задолжително треба да се потсетат се манастирскиот комплекс „Св. Наум“ и планината Галичица. (Крај)