(ФОТО) ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВА УБАВИЦА Е СОПРУГАТА НА ЧЕШКИОТ ПРЕМИЕР АНДРЕЈ БАБИШ КОЈ Е ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА

ИЗВОРСкопје24
|

Актуелниот премиер на Чешка кој е во посета на земјава домашните и светски медиуми го нарекоа „чешкиот Трамп“, пред сè поради фактот дека е бизнисмен и има своја империја, сопственик е на два весника и најголемото радио во Чешка, ресторан со „Мишелин“ ѕвезда, како и богатство што се проценува на 4.1 милијарда долари, па не случајно е и на листата на „Форбс“ на најбогатите личности.

Андреј Бабиш вниманието го привлекува и поради својата сопруга, 20 години помладата Моника Бабишова, и токму поради тоа многумина го поврзуваат со Доналд Трамп.

Инаку, Андреј Бабиш во Чешка е втората најбогата личност, која како вели, државата би ја водел како фирма.

Пред да стане вториот најбогат човек во Чешка, работел сè и сешто за да заработи пари, а тоа го сподели со народот во рамки на кампањата:

-Работам од 15 години. Разнесував млеко, обработував земја, уредував простори, градев летниковци и викендички, сè за да заработам – вели Бабиш.

Многумина го споредуваа со Доналд Трамп и поради политичките убедувања, претставувајќи се како остар критичар на бегалската политика на Меркел, а исто така е против голема ЕУ-интеграција. Овој 63-годишен екс-министер за финансии е контроверзен и поради фактот дека се соочува со обвинувања за измама и злоупотреба на европски фондови вредни милиони долари.

Инаку, Андреј и Моника се запознале кога таа има 20, а тој 40 години. Моника работела како секретарка во фирмата каде Андреј бил партнер. Во тоа време и двајцата се во брак, но и покрај симпатиите, врската се случува подоцна, а венчавката дури годинава.

Првиот брак го склучила кога имала 15 години, а момчето имало 19. Младоста си го направила своето, па кога таа има речиси 21 година, се разведуваат, а потоа ја почнува љубовта со Андреј.

Со Андреј се повеќе од две децении, а за тоа време и двајцата многу созреале.

– Кога се запознавме, тој беше зрел човек. Сметав дека имаше некои грешки или навики кои би било добро да се поправат или исчезнат. Но, како што велат, волкот кожата ја менува, но не и карактерот. Па, после некое време престанав да инсистирам. Инаку, е строг и многу енергичен. Работи како машина. Особено во периодот кога се запознавме. Сега е малку „помек”. Веќе не дава 150 проценти од себе, туку само 100 :). Строг е и со децата и бара од нив многу, но за нивно добро. За овие 20 години го научив Андреј да се посвети на семејството, на себе и да се релаксира. Сепак, тој е енергичен и активен човек и јас тоа го знам и го почитувам. Се трудам да избалансирам сè и да бидам тука секогаш кога е потребно.

Од нивната врска имаат две деца, а Андреј од претходниот брак уште две.