Работните места коишто нудат пофлексибилни услови станаа се попривлечни, особено кај помладите генерации.
Во последните неколку години, се поголем број од работобарателите, покрај добрата плата, сигурноста и предизвикувачките работни задачи, на врвот на листата со работи кои ги посакуваат на нивното совршено работно место, ги позиционираат и флексибилното работно време и можноста за работа од дома.
И додека добар дел од работните позиции се уште не овозможуваат работа од дома, глобалниот пазар на труд полека, но сигурно се менува во посакуваната насока.
Работните места коишто нудат такви пофлексибилни услови станаа се попривлечни, особено кај помладите генерации.
ИТ, финансии, маркетинг и медицина се само дел од областите кои веќе им овозможуваат на вработените да работат на начин кој е познат како freelance. За таа цел, CNBC издвои осум најплатени работни позиции чиишто задачи може да ги извршувате од вашиот дом.
8. Акаунт менаџер
Годишна плата: од 39.000 до 90.000 долари
Во повеќето случаи, Акаунт менаџерот е одговорен за управување и решавање на проблемите на клиентите, постигнување на договорените цели на компанијата и одржување на добри односи помеѓу клиентите и компанијата.
7. Менаџер за развој
Годишна плата: од 49.000 до 118.000 долари
Според Glassdoor, менаџерите за развој на бизнисот се одговорни за создавање на можности за продажба со постоечките и новите клиенти, како и за градење на нова бизнис стратегија на компанијата за да се зголеми продажбата.
6. Веб девелопер
Годишна плата: од 50.000 до 117.000 долари
Поради знаењето на неколку различни програмски јазици, експерт во оваа област е во состојба самостојно да ја креира целата веб-страница.
5. Проект менаџер
Годишна плата: од 51.000 до 111.000 долари
Тој е задолжен за координирање на проектот од самиот почеток до крај. Исто како и директорот за односи со клиенти, и тој може да биде надворешен соработник кого компанијата или агенцијата привремено ќе го вработи поради својата експертиза.
4. UX дизајнер
Годишна плата: од 62.000 до 130.000 долари
Тие се одговорни за визуелниот идентитет на производот или брендот. Искусен професионалец од оваа област често знае да заработи годишни приходи до 130.000 долари.
3. Директор за односи со клиенти
Годишна плата: од 76.000 до 160.000 долари
Директорот за односи со клиенти помага во одржување на долгорочни односи со клиентите и изнаоѓање решенија за сите нивни проблеми, но поради природата на самата работа, тој не мора да е во редовен работен однос во агенција или компанија.
2. Постар софтверски инженер
Годишна плата: од 94.000 до 166.000 долари
Поради своето искуство и, во голема мера, познавањето на голем број програмски јазици, лицето со овој статус е најсоодветно за самостојна работа.
1. Доктор
Годишна плата од 119.000 до 303.000 долари
Тоа е малку изненадувачки, но да, и лекарите можат да работат како фриленсери, иако оваа практика се уште не е стигната во Македонија. Според CNBC, за еден доктор да работи хонорарно, тој мора да има повеќегодишно искуство и обуква во реален сектор. Исто така, се наведува дека телемедицината или комуникацијата со пациентите “од далечина“ до 2025 година треба да доживее раст од речиси 20 проценти.