ЈА СКРАТИ КОСАТА И СИМНА НЕКОЛКУ КИЛОГРАМИ: Шехерезад сега е како вистинска манекенка (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Една од најубавите и најплатените турски актерки, Бергузар Корел или попозната како Шехерезад, за разлика од денес, пред неколку години беше покрупна.

Сега изгледа како вистинска манекенка и со сосема променет имиџ.

Ја скрати косата, а освен тоа симна и некој килограм, а тоа најмногу може да се забележи ако се споредат постарите, со некои од нејзините понови фотографии.

Откако ја снимаше серијата „Vatanim sensin“, или нам попозната како „Далеку од дома“, Бергузар продолжи со нови снимања и филмски проекти, што очегледно ја иcцpпуваат нејзината енергиja.

Но со некој килограм повеќе или помалку, таа едноставно е совpeшена.

Инаку таа долги години е во брак со нејзиниот колега Халит Ергинч, со кого се запозна за време на снимањето на серијата „1001 ноќ“, кога се прослави како Шехерезад, а во последно време заедно ги гледаме и во серијата „Далеку од дома“, која со прикажување ќе продолжи од септември.