Пејачката Илда Шаулиќ, ќерката на починатиот пејач Шабан Шаулиќ за прв пат настапи по смртта на својот татко. Српскиот портал „Курир“ пишува дека Илда сношти настапила во еден белградски клуб со најтажната песна која му ја посветила на својот татко.
Покрај своите песни, ја запеа и песната од нејзината колешка Драгана Мирковиќ „Jeleni košute ljube”.
„Тажни се зелените полиња, тажни се изворите, елените срните ги љубат, а каде си сега ти“, вели рефренот на песната.
Илда на настапот дошла со својот сопруг Бојан во тиркизен фустан, и ја оставила публиката во клубот без здив. Шабан Шаулиќ го загуби животот во февруари годинава, во несреќа во Германија.
Инаку, српските медиуми деновиве пишуваа дека наводно Шабан Шаулиќ имал тајна сметка каде што ги чувал парите од настапи, посебно од ромски свадби. Наводно, пејачот имал 2 милиони евра на тајна сметка во Германија, пишуваа медиумите.
Семејството на пејачот ги демантираше овие пишувања.
„Нека не остават нас и мојот татко на мир. Неодамна кажав сѐ што имам да кажам“ изјави Илда, ќерката на Шабан.
Наводно пејачот бакшишот, посебно од ромските свадби ги чувал на тајна сметка. Така сакал да го осигура својот живот.
„Нема врска со вистината. Шабан немаше никаква сметка, а не пак скриена. Плаќањата за настапите одеа на сметка на фирмата на неговата сопруга, Гордана му беше застапник. Колку требаше да работи за да успее да сокрие два милиони евра?“ изјави Јовановиќ за 24 сата.