|
Словенечкиот интернационалец Сташ Скубе, кој беше еден од најзначајните играчи на Вардар во сезоната што полека изминува, замина на заслужен одмор.
Со оглед на тоа што луцидниот среден бек не е дел од словенечката репрезентација и нема обврски со националниот тим, тој веќе го користи одморот и тоа на Тајланд.
Според последните информации тој и следната сезона останува во РК Вардар, а дотогаш ужива во времето поминато со семејството.
По пречекот во Скопје, Сташ Скубе најпрво се врати во Словенија, а во неговиот роден град Требње, му беше организиран пречек и беше награден за освоената шампионска титула.