Бирале дадилка како за кралско семејство – Пријовиќ се врати на ангажманите

ИЗВОРСкопје24
|

Српската пејачка Александра Пријовиќ се врати на музичката сцена само три месеци откако се породи со синот Александар.

Како што има се повеќе обврски она и нејзиниот сопруг Филип ангажирале дадилка која се грижи за бебето додека неговите родители не се дома, пренесуваат српските медиуми.

-Најчесто го оставаме кај мојата и мајката на Филип, но често го чува и жена која ја сметаме за дел од семејството. Александар стана омилен во семејството, па затоа сите сакаат да поминат повеќе време со него, вели Пријовиќ.

Таа не крие дека имала високи критериуми додека ја избирала дадилката.

-Да биде грижлива, да сака деца и во најдобар можен начин да учествува во неговото растење. Баш таква најдовме, задоволно вели Пријовиќ.