Инвазијата на комарци во доцните пролетни и летни вечери ги мачат сите оние кои сакаат по работата да се релаксираат во градината или на тераса.
Ако излезете да прошетате, и таму ќе ве дочекаат роеви на комарци, а непријатните убоди и чешање го расипуваат вечерното седење во двор.
Сите се трудиме да се заштитиме на различни начини, а хемиските помагала кај многумина предизвикуваат алергиски реакции.
Затоа пробајте домашен рецепт против комарци од само 3 состојки.
Потребно ви е: растително масло (било кое, по ваш избор), благ шампон за коса и 9% оцет (внимавајте, не есенцијален!).
Во шише со распрскувач измешајте еднакви количини на овие три состојки и ќе добиете емулзија со бела боја- потребно да го тресете секој пат кога ќе сакате да го користите.
Од растојание од неколку сантиметри, прскајте делови од кожата кои се изложени на каснување од комарци – голи раце, нозе, можеби и вратот.