Домашни туристи кои уплатија аранжман за Египет и чекаа од ноќеска на Скопскиот аеродром после 10 часот полетаа кон Хургада.
Според информациите на веб страницата на Меѓународен аеродром Скопје, полетале во 10 и 44 часот со авион на „Флај 2 Скај ерлајнс“.
Повеќе од 150 патниците беа заглавени на аердоромот, а со оние со кои телефонски се разговараше беа изреволитирани и рекоа дека заради малтретирањето размислуваат да поднесат тужби против агнециите.
Туристите требало да полетаат ноќеска на полноќ, со одложување дека тоа ќе се случи во 2:30, па во 5:00 часот, и во 7:00 часот.
„Ни дадоа по една вода и кафе, сендвичи имаше само за околу третина од патниците. Некои се со деца. Особено им е тешко на пушачите затоа што сме на терминал и не можеме да се движиме на други места, ниту да излеземе надвор. Во многу незавидна положба сме“, изјави еден патникот од Битола пред неколку часа.
Аранжамот го уплатиле преку неколку туристички агенции. Случајот не беше пријавен во Државниот пазарен инспекторат. Групата на скопскиот аердром, беше прва тура за Хургада во новата туристичка сезона.