Се расипа возот за Кочани, од Македонски железници велат дека можеби ќе тргне попладнево

ИЗВОРСкопје24
|

Патничкиот воз за Кочани ниту тргна, ниту стигна. Вчера попладне тој требаше да појде во 16,40 за Скопје, а утрово за Кочани во пет часот, но го немаше. Попусто патниците чекаа на железничката станица во Велес, превоз немаше, пишува СДК.МК

„Утрово требаше во 7 часот да појдам за Скопје на лекар, прегледот ми беше во 9 часот, но воз немаше. Ни кажаа дека нема да дојде, па морав да одам со автобус до Скопје. Тоа е далеку поскапа можност, место 180 денари со воз, ќе платам 300“, кажа една велешанка.

Железничарите тврдат дека возот се расипал, а немало замена.

„Патничкиот воз не појде од технички причини. Работиме да овозможиме возот да сообраќа попладнево, откако беше обезбедена локомотива“, информираа од МЖ Транспорт, дополнувајќи дека во случај на нов дефект, можно е некоја патничка линија да биде стопирана.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.