Доколку некој од туристите се одлучи без маица и во костим за капење ова лето да се шета низ Будва, тоа сепак нема да го чини 500 или 600 евра, колку беше најавено дека ќе изнесува казната.
-Приказната за казните е невистина. По мое мислење дали некој ќе шета по градот во костим за капење е домашно воспитување и лична култура и не е добро дестинацијата да навлегува во воспитувањето кое некој треба да го понесе од дома – рекол претседателот на општина Будва, Марко Царевиќ и додал дека засега не постои начин да се воведат казни од овој вид.
Сокриена плажа во Црна Гора која изгледа како да сте на Карибите
Малата плажа Перазича, можеби најубавата плажа во Црна Гора, со својата егзотика може да им парира на некои од најпознатите светски плажи.
За жал или за среќа, луѓето и понатаму не знаат за неа, па така е сокриена од погледите на јавноста и мора малку повеќе да се потрудите за да дојдете до неа.
Имено, таа е сместена на заливот под манастирот Режевичи и до неа се доаѓа со вртење од патот до манастирот Будва-Петровец. Покриена е со песок и камчиња, а долга е само 40 метри.
На левиот крај од плажата се наоѓа сè уште недовршениот хотел Ас, кој малку го нарушува нејзиниот амбиент, но во исто време станал и нејзин заштитен знак.
Доколку не сте тргнале со кола до плажата, до неа можете да дојдете и пеш од Петровец и да искусите некои од најубавите краеви на Црна Гора – прошетка од два километри кои нема да ги почувствувате, но нема ни да ги заборавите.
Мирисот на шумите и морето, тунелите на чии краеви ве чека некој нов рај, се само дел од 2-километарската прошетка во која ќе уживате повеќе од било кога.