Сите мештани на ова хрватско село се милионери: Целото нивно богатство “плови“ по Јадранското море

ИЗВОРСкопје24
|

И најмалиот крзуер вреди половина милион евра. Мештаните од Крила Јесенице, приморсколо селце кое е сместено на половина пат од Омиш до Сплит во Хрватска, поседуваат вистинско богатство, кое лежи во морето.

Всушност, тие се сопственици на флота од 180 мали крузери, пишуваат во Јутарњи лист и велат дека нема ниту еден крузер кој вреди помалку од пола милион евра.

Најновите крузери чинат и повеќе од три милиони евра, а сите заедно би можеле да чинат повеќе од 270 милиони евра.

Статистички, секој четврти жител од ова место, сопственик е на еден крузер (вклучувајќи ги и децата и нивните баби и дедовци). Во реалноста, 70 семејства на ова мало место се имотни сопственици на бродови и држат 75 отсто од вкупната национална флота на овие бродови.

И тоа не е сè – тие секоја година создаваат од 10 до 20 нови “хотели на брановите“, а сите мали бродоградилишта преоптеретени се со закажувања од туристи и неколку години однапред.

Правилото дека секој капетан треба да има онолку бродови колку што има синови, одамна е прекршено, затоа што и членовите од поширокото семејство имаат задолженија на крузерите. Нивните поседи ги сочинуваат десетина луѓе, а на сите задолжението им е на гостите одморот да им го направат незаборавен.