За продавачи плаќаат до 1.800 евра!
И покрај тоа што бројот на луѓе кои заминуваат на работа во Германија постојано расте, на земјата се уште и недостигаат околу 1.2 милиони работници. Но, кои се најбараните работни места и колку се тие навистина платени?
Според информациите кои ги пласираат германските портали за вработување, како и нивната национална агенција за вработување, повеќето од понудените работни места се со полно работно време.
Најмногу слободни работни места има во Берлин
Метрополата и натаму останува да биде лидер во бројот на слободни работни места, а двапати помалку работни места се отворени во Минхен и Хамбург. Околу 10.000 работни места, исто така, се слободни и во Келн, Штутгарт и Дизелдорф.
На листата со дефицитарни занимања има голем број работни позиции, од занаетчиски професии до професии за висококвалификувани работници.
Професии кои никој не ги сака
На една од водечките германски веб страници за барање работа се наведува дека најголема е потребата за продавачи и дека повеќе од 4.000 работодавачи нудат работа за продавачи во своите трговски објекти.
На второ место се менаџерите за продажба, а третото место е резервирано за комерцијалистите, така што природно е да се заклучи дека најголемата побарувачка за труд во Германија е во областа на трговијата.
Платите се движат околу 1.800 евра
Кога станува збор за платите, во просек продавачите заработуваат помеѓу 1.700 и 1.800 евра.
Меѓу најбараните работни места се и возачите и виљушкаристите кои добиваат пари за сработен час, а тој износ во просек изнесува 16 евра. Исто така, голема е побарувачката за работници во магацин, како и за луѓе за сезонска работа, како што е собирање на овошје.
На Германија исто така и недостигаат и занаетчии како вулканизери и заварувачи – тоа се работни места за кои не ви е потребна диплома. Постои и значителна побарувачка за хигиеничари, а нивните плати одат до 1.800 евра.
Работни места има и за работниците во производство, а во зависност од местото на работа и работното искуство, работниот час се плаќа од 10 до 16 евра.
Кои гранки се најплатени во Германија?
Една студија на StepStone (страница за барање работа) покажува дека највисоки плати даваат компаниите во фармацевтската индустрија. Таа изнесува околу 69.377 евра годишно, а веднаш потоа се рангирани вработените во банкарскиот сектор. На трето место се наоѓа автомобилската индустрија.
На четвртото место се наоѓаат вработените во хемиската и нафтената индустрија, а на петтата позиција се работниците во машинската индустрија со просечна годишна плата од 65.353 евра