Утре и во сабота е задушница – ова не го правете при посета на вечните почивалишта

ИЗВОРСкопје24
|

Православните христијани, утре и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот ден Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на оние кои не напуштиле.

На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се заминати од овој свет, ги посетуваме нивните вечни почивалишта и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за заминатите роднини и пријатели.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за заминатите. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на заминатите и се молат за покој на нивните души.

На Задушница во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на почивалиштата на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.

На Задушница се изнесува и храна на гробиштата. Таа храна се дели со луѓето кои ги посетуваат гробиштата, со спомнување за спас на душата на заминатиот.

Обичај е на гробишта да се носи онолку свеќи колку што почивалишта се посетуваат.

Доколку на вечното почивалиште некој му пријде од страна и се понуди да земе храна, иако е туѓинец, на овој ден никако не се одбива. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на гроб одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од гробот.

Духовден, празник кој се прославува во спомен на слегувањето на Светиот дух. Бидејќи овој голем настан се одиграл на педесеттиот ден по Воскресението Христово празникот секогаш се слави на педесеттиот ден по Велигден и секогаш се паѓа во недела.

На големиот празник народот традиционално ги посетува манастирите и бара прошка за гревовите и лек за болестите.

Упатените велат дека е добро оттаму да се понесе осветена вода бидејќи во наредната година обезбедува хармонија во домот. Овој празник се нарекува и Духови бидејќи претставува слегување на Светиот дух на апостолите.

Два дена порано, пред Духовден, на гробиштата се одржуваат т.н. отворени задушници. Се верува дека во тој период се „отвораат“ гробовите и може да се разговара со веќе заминатите. Обичај е на гробишта да се послужува храна за душа на оние кои не напуштиле.

Се верува дека во периодот пред и после овој празник владеат моќни енергии. Обичај е да се посетуваат манастирите, а особено тоа треба да го направат оние кои бараат простување на гревовите или лек за некој болест.

Од манастирите треба да се понесе осветена вода која во следната година обезбедува хармонија во домот.

Во некои краеви се верува дека тогаш е засилена и енергијата на оние кои прават разни растителни мелеми. Во минатото се верувало дека за да се заштитат од несреќа во овој период од годината носеле чешне лук или пелин во џеб, а дрвата ритуално ги кителе со подароци.