СОС Детско село заедно со Капитол мол во соработка со Просветно дело и Kids Park & 4Bowling, на 15. мај 2019 година одржаа настан по повод Меѓународниот ден на семејството.
Многу семејни игри, креативни работилници и Face painting надополнети со детска музичка програма го одбележаа овој, за нас многу важен ден.
Целиот настан им покажа на децата од СОС Детско село дека не се сами и дека имаат поддршка од голем број луѓе. Поради ова, но и поради фактот што нашата работа не е возможна без поддршката од пријателите и донаторите, СОС Детско село и Капитол мол ја проширија соработката и центарот одлучи да стане “Место со срце“. Низ молот, и тоа во Котон, Клими.мк, Sara Fashion, Просветно дело, Kids Park, 4Bowling, Top Shop, B-Watch, DOCA, Авто перална Таруно и Office Plus, посетителите ја имаа можноста да донираат за близу 150 деца и млади од СОС Детско село, помагајќи ни во остварувањето на мисија дека ниту едно дете не треба да расте само. Во период од 15 дена, за СОС Детско село беа собрани 22.899 денари.
СОС Детско село упатува благодарност до секој кој беше дел од оваа хумана кампања. Секоја донација и поддршка е многу значајна имајќи во предвид дека тие се капки кои ја брануваат водата на хуманоста. Ги повикуваме сите заинтересирани да се запознаат со нашата работа и да ги следат нашите хуманитарни акции на официјалната веб страна https://sos.org.mk/.