Помалата ќерка на актерот Кирил Поп Христов – Кили, Јоана, која ја има во бракот со сопругата Гордана, има големи причини за славење.
Јоана и нејзиниот сопруг вчераа првпат се реализираа во улога на родители, а Кили и Гордана станаа дедо и бaбa. Трудницата на свет донесе момче на кое му го даде името Аниш Круз Родригез Деан.
И како што е налага обичајот или повеќе непишаното правило, додека мајката и новороденчето се навикнуваат на новосоздадената ситуација, а бебето ги цица првите голтки мајчино млеко, таткото треба да почести со мекици!
Е сега, бидејќи во случајов таткото не е ниту тука, ниту пак од таму од каде што е, обичајот така не налага, честа и да чести мекици му припадна на дедо Кили! Обично најблиската родбина, другарите, пријателите, колегите, соседите… или се канат дома или се собираат во некое меанче на мекици!
Овој пат не знаеме дали Кили го стори истото, но знаеме каде и кому однесе мекици и сиренце, односно кој прв ги проба мекиците на дедо Кили, па и самиот го обзнани истото со честитка на својот Фејсбук профил.
Имено, македонскиот заменик министер за култура и актер Владимир Лазовски беше тој кој ги севтоса мекиците со сиренце на дедо Кили плус екстра јогурт и тоа среде кабинетот, упатувајќи му честитка на среќниот дедо:
„Деда Кили, нека е живо и здраво и постојано весело. Те сакаме“ – му порача бившиот колега на среќниот дедо.
Вистина.мк