На граничниот премин „Богородица“ уште од синоќа, а особено денеска има колони возила поради продолжениот викенд.
Од дежурната гранична служба изјавија дека во овие моменти автопатот е полн со автомобили до казиното „Принцес“ и дека за поминување на границата кон Грција се чека од 40 до 50 минути и покрај тоа што автомобилите границата ја минуваат низ сите шест сообраќајни ленти.
И на другата страна од границата состојбата е речиси иста.
За овие прекршоци ќе платите многу на одмор во соседството
Ако и вие планирате да да го искористите продолжениот викенд, да се одморите малку од гужвата, да уживате на убава плажа, тогаш треба да внимавате за казните за неколку прекршоци во соседството.
1.ВОЗЕЊЕ СО ПОГОЛЕМА БРЗИНА ОД ДОЗВОЛЕНАТА: МАКЕДОНИЈА – од 20 до 300 евра, ГРЦИЈА – од 40 до 750 евра, ЦРНА ГОРА – од 450 до 2.000 евра, ХРВАТСКА – од 40 до 2.029 евра, БИХ – од 15 до 511 евра, БУГАРИЈА – од 5 до 76 евра или одземање на дозволата.
2.ВОЗЕЊЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ: МАКЕДОНИЈА – од 250 до 400 евра, ГРЦИЈА – од 78 до 625 евра (во зависност од промилите), ЦРНА ГОРА – од 70 до 2.000 евра или одземање на дозволата., ХРВАТСКА – од 135 до 2.029 евра, БИХ – од 200 до 500 евра, БУГАРИЈА – од 102 до 306 евра или 1022 евра (повторен прекршок).
3.ВОЗЕЊЕ БЕЗ БЕЗБЕДНОСЕН РЕМЕН: МАКЕДОНИЈА –20 евра, ГРЦИЈА – 350 евра, ЦРНА ГОРА – од 40 до 100 евра, ХРВАТСКА – од 67 евра, БИХ – од 30 до 70 евра, БУГАРИЈА – од 25 до 50 евра.