Гласините се потврдија, позната пејачка може ќе идна снаа на Брена (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ нeoдамна заплива во музичките води и полека но сигурно реди хитови.

Неодамна медиумите го поврзуваа со српската пејачка Милица Павловиќ истакнувајќи дека меѓу двајцата има нешто повеќе од пријателство.

Стефан и Милица ги демантиpaа овие пишувања, нагласувајќи дека се само добри пријатели.

Меѓутоа, сега српскиот портал „Блиц“ објави фотографии од Милица и Стефан во еден ресторан.

Тие во ресторанот пристигнале со автомобилот на Стефан кој се однесувал како џентламент кон пејачката. Извори блиски до „Блиц“ говорат и дека двајцата изгледале многу среќни заедно, постојано биле насмеани и изгледале поблиски од пријатели.

Брена остави се и замина во Канада: Го доживувам она што ми недостигаше цел живот

Лепа Брена отпатува во Канада, каде ќе остане скоро еден месец. Повод на патувањето на пејачката е од приватна природа и целото време на американскиот континент, Брена ќе го помине со родената сестра Факета Стојановиќ, внуката Мајда и нејзиното семејство на начин кој не го практикувала досега.

Уживам со целото битие, бидејќи сум со најмилите. Полно ми е срцето што исполинив нешто што со години посакував. Легнуваме рано и се будиме рано со излегување на сонцето, кој е извор на животот. Доживувам нешто што цел живот ми недостигаше. Дојде време себеси да си пружам задоволство кое изминативе години поради кариерата и децата не можев да си го дозволам. Можеби за некого тоа не е ништо посебно, но за мене, која тоа го сакав со години, тоа е драгоцена работа- рекла Брена.