Последниве неколку дена се зборува за настан кој се случил во еден клуб во Дубровник. Сметката од 50.000 евра требало да ја плати богат Саудиец кој цело време пиел и ги честел сите во клубот.
Син на шеик од Обединетите Арапски Емирати, Хамадан Бин Зајед Ал Нахијан, пристигнал со луксузната 141 метарска јахта на неговиот татко во Дубровник, каде што со своето друштво се забавувал во популарниот клуб “Revelin” во стариот град.
Сепак, проблемите настанале кога тој одбил да ја плати сметката од 50 илјади евра, пренесува dubrovackidnevnik.rtl.hr. Повикувајќи се на своите извори, споменатиот хрватски медиум открива дека на друштвото им биле спорни пијачките на хостесите, па морала да интервенира и полицијата. Синот на шеикот наводно одбил да плати дел од сметката која не се однесувала на неговото пиење.
Еден од гостите од јахтата наводно во текот на вечерта ги почестил хостесите со скап шампањ, а литри и литри алкохол испиле синот на шеикот и целото негово друштво, се додека не пристигнала сметката „тешка“ 50 илјади евра.
Што се однесува на цените, ако ги споредите цените на наведените пијалоци во другите ресторани и клубови, може да видите дека цените се реални, рекол сопственикот.
Нашите гости доаѓаат за да се забавуваат и како и секоја друга личност свесни се за цените кои им се во секој момент достапни, рекол сопственикот. Најскап артикл на сметката бил шампањ „Родер кристал розе“ вреден 17.000 евра, потоа “Arman de Brinjak” вредно 16.000 евра.