Еден од најпознатите и најомилените актери од Холивуд стана и омилена “интернет ѕвезда“. По пишувањето на медиумите за неговата скромност и едноставност, актерот Кијану Ривс, стана неверојатно популарен на социјалните мрежи.
Актерот очигледно не знаел за тоа, а неговата реакција ги воодушеви сите.
На премиерата на филмот „Toy Story 4“, во кој Кијану го позајмува гласот на јунакот Кабум (Дјук Кабум), новинарка од списанието „People“ го прашала како се чувствува поради тоа што ја доби титулата за “интернет ѕвезда“.
„Што?“ – прашал збунето Кијану, а новинарката му одговорила дека на сите им е симпатичен и мил на интернет.
Тој срамежливо кимнал со главата и рекол: „Уф, па тоа е лудо…“ и додал дека позитивноста е супер.
На социјалните мрежи неодамна се рашири приказна за тоа дека Кијану Ривс во некоја прилика купил сладолед само за да добие сметка на која се потпишал и дал автограм на 16-годишно дете.
Неодамна се дозна дека овој актер со години тајно донира парични средства во болниците.