Деновиве актуелна тема во македонско – бугарската јавност е датумот за чествување на Гоце Делчев односно неприфаќањето на бугарската комисија за заедничко чествување на Гоце Делчев на датумот 7 октомври, по што министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, рече дека Гоце Делчев самиот се изјасил како Бугарин.
Во одредени медиуми посебно актуелна е изјавата на екс премиерот Љубчо Георгиевски, иако таа како што вели тој не е нова, туку е стара повеќе од 8 години.
„Во последните денови излегоа повеќе текстови и видеа со мои изјави.Сакам да ве информирам дека во последната година не сум давал никаква изјава со историска проблематика.Сите видеа и изјави се стари повеќе од пет години а некои дури и триесет. Добро е што ги објавуваат некои медиуми само да не пишуваат дека се дадени вчера. А на тие што не им се допаѓа содржината нека се спротистават со факти а не со етикети“, напиша Георгиевски на својот Фејсбук профил.
„На кое училиште во Штип, Гоце Делчев беше директор? Одговорот е многу едноставен. Гоце Делчев беше учител и директор во Бугарското училиште во Штип. Тогаш немаше Македонски училишта, имаше Српски, Грчки Бугарски, е зошто Гоце Делчев избрал да биде директор во Бугарското училиште? И не само Гоце Делчев, и Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Никола Карев, Пере Тошев, сите тие беа учители на Бугарските училишта во Република Македонија. Ние сами бегаме од некои работи кои се јасни ко два и два, вели Георгиевски во интервју дадено во 2012 година.