ОД ПОНЕДЕЛНИК МВР ЌЕ ИЗДАВА РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ СО „NMK“

ИЗВОРСкопје24
|

Министерството за внатрешни работи од понеделник ќе стартува со издавање нови регистарски таблички со ознаката „NMK“, што е дел од обврските со Преспанскиот договор со кој се реши спорот за името со Грција. На сината лента на таблицата ќе стои кодот „NMK“.

Со измените на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблички, формата и содржината на регистарските таблички и на пробните таблички на возилата, издавањето на таблички со новиот код е предвидено да стартува денес, но бидејќи е викенд тоа ќе почне од следната недела.

Досега налепници со ознака „NMK“ за регистарските таблички на возилата се даваа и при излез или влез во Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека излегле во пресрет на барањето на граѓаните на Општина Демир Хисар и Општина Крушево и одобрило да имаат сопствени регистарски ознаки на возилата.

„За регистарското подрачје Демир Хисар ознаката на регистарските таблици е ‘DH’, а за регистарското подрачје Крушево ознаката на регистарските таблици е ‘KS”, соопшти МВР.

Извор: sdk.mk