Марија Шерифовиќ уште еднаш покажува дека е голем човек со огромно срце.
Имено, познатата пејачка своите кандидати од „Ѕвездите на Гранд“ кои се натпреваруваат овој четврток во финалето на популарното музичко талент шоу, одличи да ги прошета на неколку дена во Париз.
Помеѓу нејзините „деца“ е и нашиот Огнен Здравковски кој гордо ја претставува Македонија веќе цела сезона, а огромна поддршка ќе му биде потребна во четврток.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од Франција и атмосферата од таму:
-Добри деца. Талентирани млади луѓе. Желни за докажување. Желни за победа. За таквите ќе бидам тука и секогаш ќе им бидам ветар во грбот!- напиша Марија на фотографијата која ја објави на стори.