Женски хороскоп: Ова е најмоќниот женски хороскопски знак

ИЗВОРСкопје24
|

Алтруист и бунтовник без причина. Таква е жената Водолија. Таа е полуден научник и топка која вибрира полна со емоционален хаос. Живее во својата глава, но има полно срце. Може да се промени потполно во дел од секундата да ги покаже нејзините необични крилја и да полета во незауздливиот налет на ветерот.

Таа е општествена пеперутка и осамен волк.

Чудесна, непредвидлива, слободоумна, мирољубива, откачена, ексцентрична, искрена, квалитетна, иновативна, забавна, оптимистична, оригинална.

Жената Водолија е интелигентна, женствена и нежна, но на свој, необичен начин. Не се обидувајте да и наметнете строги правила и не очекувајте од неа да го прави она што не и е по волја. Таа секогаш ќе остане само своја и до крајност ќе биде посебна, оригинална, никогаш нема да биде копија.

Дел од нејзината привлечност лежи во нејзината непопустливост и спонтаност – неретко е тешко да ја разберете и сфатите, но тоа е затоа што таа е секогаш само своја. За неа не вредат стереотипите и невозможно е да ја ставите во шаблон, затоа што е изразен некомформист и бега од општествените правила и норми. Секогаш си ги тера работите по свое и не сака кога другите и кажуваат што да прави.