УХМР со вонредна прогноза за денес и наредните три дена

ИЗВОРСкопје24
|

Управата за хидро-метеоролошки работи најави дека од денеска, па во наредните неколку дена во попладневните часови во земјава ќе има невреме, проследено со силен дожд, ветeр и грмежи.

Прогнозата за наредните три дена е дека во попладневните часови на повеќе места времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Денеска најобилни врнежи имаше во Струмица каде паднаа 13 литри на квадратен метар, а имаше ипојава на град со големина на орев.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 19 Целзиусови степени, а максиалните од 27C до 35 степени.

Инаку, подрачјето на Струмица и околината, како и Берово попладнево се зафатени од нестабилна воздушна маса, која е пратена со интензивен пороен дожд, грмежи и можна појава на град.

Нестабилната облачна маса се движи кон југ во правец на Валандово, Дојран и Богданци, информиаат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму посочуваат дека нестабилно е и во повеќе места во источниот и во планинските подрачја во југозападниот дел од земјата, како и над Преспанското Езеро.