Стефан Живоиновиќ тргна по стапките на мајка му Лепа Брена, па започна музичка кариера.
Во една прилика, младиот пејач доби прашање што наследил од мајка му, а тој како од топ одговори, па жаргонски и смести на Брена.
Сега многу ретко излегувам бидејќи немам толку слободно време. Иако Живоиновиќ имаат добра генетика и кога лумпуваме по два дена, тоа не се гледа на нас. Виктор и јас тоа го наследивме од мама. Ние двајца сега се натпреваруваме кој може повеќе да испие. Засега е изедначено. Ние сме млади сили на семејството и секако сме подобри во алкохолот од Брена и Боба – низ смеа открил Живоиновиќ.
Инаку, неодамна медиумите Стефан го поврзуваа со српската пејачка Милица Павловиќ истакнувајќи дека меѓу двајцата има нешто повеќе од пријателство.
Стефан и Милица ги демантиpaа овие пишувања, нагласувајќи дека се само добри пријатели.
Меѓутоа, сега српскиот портал „Блиц“ објави фотографии од Милица и Стефан во еден ресторан.
Тие во ресторанот пристигнале со автомобилот на Стефан кој се однесувал како џентламент кон пејачката. Извори блиски до „Блиц“ говорат и дека двајцата изгледале многу среќни заедно, постојано биле насмеани и изгледале поблиски од пријатели.