Молњи денеска го параа небото над Охридското Езеро – ФОТО+ВИДЕО

|

Попладнево делови од Охридскиот регион повторно ги зафати краткотрајно, но силно невреме, проследено со врнежи од дожд, ветер и грмотевици. За момент се спoија небото и земјата, а молњи удираа во Езерото. Еден таков момент „улови“ нашиот фотограф Анамарија Момироска.

Краткотрајно невреме попладнево беснееше и во Љубаништа. Силниот ветер за миг го разбранува езерото затекнувајќи ги посетителите на плажите и камперите.

Краткотрајно невреме проследено со обилни врнежи од дожд го зафатија Охридскиот регион и во петокот попладне, кога за кус период наврна голема количина дожд, поради што дојде до преоптоварување на канализационата мрежа и прелевање на шахтите низ градските улици.

Извор: OhridNews