ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: НЕВРЕМЕ со облини врнежи, силни грмежи, ветер и град ќе ја зафати Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Времето претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност, а попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 19, а максималната од 27 до 34 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува седум.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со температура од 17 до 32 степена.

Во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање.

Вчера делови од Охридскиот регион ги зафати краткотрајно, но силно невреме, проследено со врнежи од дожд, ветер и грмотевици. За момент се спoија небото и земјата, а молњи удираа во Езерото. Еден таков момент „улови“ фотографот Анамарија Момироска.

Краткотрајно невреме попладнево беснееше и во Љубаништа. Силниот ветер за миг го разбранува езерото затекнувајќи ги посетителите на плажите и камперите.

Краткотрајно невреме проследено со обилни врнежи од дожд го зафатија Охридскиот регион и во петокот попладне, кога за кус период наврна голема количина дожд, поради што дојде до преоптоварување на канализационата мрежа и прелевање на шахтите низ градските улици.