ДАЛИ КРУШЕВО МОЖЕ ДА СТАНЕ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СПОРТСКИ И КУЛТУРЕН ТУРИЗАМ ?

ИЗВОРСкопје24
|

Позиционирањето на Македонија како атрактивна туристичка дестинација бележи прогрес изминатите години, а сведочиме како два сегменти позначително се издвојуваат од останатите: спортот и културата. Токму тие два сегмента се извонредно добро искомбинирани во еден од најатрактивните настани летово, а тоа е настанот ,,When in Krusevo,, кој ќе се оддржи на 21ви, 22ри и 23ти Јуни 2019 година во Крушево.


,,When in Krusevo,, како концепт и идеа е одличен пример за настан кој ја промовира земјата како атрактивна дестинација, како за странските така и за домашните туристи. Во рангот на спортскисте активности агендата предвидува планинарење, јога, кајакарење, јавање коњи, додека музичката програма предвидува одлична агенда со бендови и изведувачи од земјава и регионот. Воедно, овој настан ќе ја сврти македонската публика кон сопствените неистражени богатства и ќе понуди свеж пристап кон социјалниот живот.
Основната мисија на тридневниот фестивал, организиран од здружението на граѓани „Outdoor Manifest“, е промоција на капацитетите за алтернативен туризам на градот и околината, преку организирање на повеќе групни и индивидуални спортски, адреналински и рекреативни активности. Организаторот како еколошко друштво става посебен акцент на подигнување на свеста за околината и користењето на драгоцените природни ресурси во еколошки манир.
Ентузијастите зад фестивалот се Антонио Кузмановски и Димитар Ангелковски, кои иако се професионалци во други области, водени од непрекинат ентузијазам по трет пат ги здружија силите и годинава да го организираат „When in Krusevo“.

“Основен мотив и движечка сила зад ,,When in Krusevo,, е нашата љубов кон градот, природата, дружбата и желбата да го направиме Крушево преферирана викенд дестинација за многу Македонци. Крушево има огромен неискористен потенцијал за спортски активности, природа, знаменитости, одлична храна и идеална клима. Тоа не натера да се потрудиме, да го искористиме тој потенцијал и да ги собереме сите рекреативци и љубители на адреналински спортови на едно место. Атрактивноста на настанот за странците и нас не изненади позитивно и со нетрпение чекаме да се случи овој викенд кој ќе обедини спорт, музика, добра енергија и различности”, изјави Антонио Кузмановски, еден од организаторите на настанот.
Еколошкото друштво “Outdoor Manifest”, поддржано од Општина Крушево и неколку локални и регионални компании по докажаниот успех имаат силна надеж и верба дека фестивалот ќе прерасне во традиција и ќе придонесе кон промоција на Крушевскиот алтернативен туризам не само кај домашните туку и кај странските туристи. Бројот на посетители во изминатите години се проценува дека е над 3000, годинава се очекува оваа бројка да се надмине.
Картата за ова три дневно доживување чини само 500 денари и со неа посетителите добиваат камп простор, право на учество на планинарски или велосипедски тури, заеднички ручек, влезници за музеи и гратис маичка.


За оние кои не се љубители на кампингот им се нуди можност да престојуваат во некој од сместувачките капацитети во Крушево кои за време на оваа манифестација им нудат попуст на гостите.

За повеќе информации за настанот и пријавување посетете ја официјалната страна: www.wheninkrusevo.mk.
Се гледаме во Крушево!