Владејачката партија СДСМ на состанокот на поширокото партиско раководство што се одржа вчера во Охрид го избра новиот Извршен одбор на партијата, именуван е нов организациски секретар на партијата, како и новиот секретар за меѓународна соработка и директор на Центарот за истражување и аналитики на СДСМ.
Директорот на „Водовод и канализација“, Душко Васковски е новиот организациски секретар на СДСМ. Тој доаѓа на местото на Миле Зечевиќ. Претходно Весковски работеше како раководител во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, по што беше назначен за в.д. генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Душко Весковски е инаку роден на 28.01.1985 година во Скопје, Карпош, Република Македонија. Основното и средното образование ги завршува во Скопје. Дипломира на Правниот факултет “Јустинијан Први”, насока – правни студии.
Весковски станува познат на јавноста како прв човек на општинската организација на СДСМ во Карпош. Неговото име на последните локални избори во Македонија се споменуваше како можен кандидат за градоначалник во општина Карпош. За Весковски сопартијците коментираат дека е млад, амбициозен, (не)познат за пошироката јавност, но доволно познат за скопјани и според многумина веројатно личноста кој би требало да ги убеди Скопје и скопјани дека Република Северна Македонија е на вистинскиот колосек и покрај сериозните предизвици.
Весковски, според многумина е човекот кој како прв човек општинската организација во Карпош успеа да му нанесе тежок пораз на ВМРО ДПМНЕ, прво на предвремените парламентарни избори во 2016-та година, а подоцна и на локалните избори. Неговото име се споменуваше како кандидат за градоначалник на општина Карпош, но социјалдемократите во последен момент се одлучија на локалните избори да истрчаат со Стефан Богоев. Сепак, за карпошани Весковски е практично идеологот на рушењето најнапред на ВМРО ДПМНЕ, а потоа и на карпошовиот бастион на Стевче Јакимовски. Секојдневните партиски активности кои ги предводеше Весковски, прес конференции на кои се обелоденуваше спрегата релација урбана мафија – Јакимовски, го промовираа Весковски како млад, но сериозен политички противник и нерешлива енигма за ВМРО ДПМНЕ, но и за лидерот на ГРОМ, Јакимовски.
Иако, СДСМ, ДУИ и другите коалициони партнери на последните претседателски избори победија со Стево Пендаровски, сепак социјалдемократите незадоволни од резултатите, особено раководството предводено од лидерот Зоран Заев се реши за чистка прво во партијата, (разрешување на сите претседатели на општинските организации, на Извршниот одбор, потпретседателите и другите високи функционери) а според најавите следува и реконструкција на Владата. Душко Весковски, од директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, го прифаќа предизивкот организациски секретар, кој заедно со новиот генерален секретар Љупчо Николовски треба да ја консолидираат партијата и како што најави вчера од Охрид, Николовски да го воспостават новиот систем на фунцкионирање. Двоецот Николовски – Весковскси пред себе имаат кратко време да ја освежат партијата, особено што редовните парламентарни избори се идната година, а според многумина се поизвесно е дека можно е во првиот квартал од идната 2020 година да има предвремени парламентарни избори. Социјалдемократите вчера од Охрид им дадоа одврзани раце во носењето на одлуки кои ќе им помогнат на партијата на следните избори да ги поразат остатоците од режимот на Никола Груевски.
Како најзапаметен придонес токму на Весковски ќе остане фактот што по 11 години ЈП Водовод и канализација – Скопје исплати регрес за користење на годишен одмор токму во владеењето на Душко Весковски.
– ЈП Водовод и канализација – Скопје и Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Северна Македонија (СУТКОЗ) при ССМ потпишаа спогодба за исплата на регрес за 2016, 2017 и 2018 година. Со оглед на фактот дека во изминатите 11 години не беше исплаќан регрес за годишен одмор, согласно можноститите на претпријатието, а во договор помеѓу ЈП Водовод и Канализација – Скопје и СУТКОЗ во наредниот период ќе биде исплатен регрес за наведените години, стоше во дел од соопштението.