Македонскиот менаџер Кристијан Стефановски се ожени после долгогодишната врска со девојката Ана Стојковска.
Парот вчера во еден скопски ресторан направија свадбена прослава и ја собраа речиси целата македонска и балканска естрада.
На прославата беа присутни српските ѕвезди Здравко Чолиќ, Владо Георгиев и Жељко Самарџиќ.
КУРИР дојде до видео каде Жељко Самарџиќ игра оро, а Владо Георгиев му посака среќен брак со оваа позната песна, погледнете.
Исто така, тука беше голем дел од македонската естрада меѓу кои предничеа имињата на Драган Вучиќ, кој добро се дружеше и со своите естрадни колеги и пријатели од соседството, а и со „жадињата“ на сцената.
Тука беа и Виолета Томовска, Благоја Грујовски, Кристина Арнаудова со сопругот Александар, Роберт Саздов од „Куку леле“, Лозано, Слаткаристика, Јован Јованов кој за оваа прилика за да го испочитува својот некогашен менаџер, специјално допатува дури од Канада.
Елвир Мекиќ исто така дојде од Сараево со сопругата Лејла, а Јоце Панов не пропушти да ги дружи големите ѕвезди пред, за и по свадбата.
Главна беше се разбира, кој(а) друг(а), ако не – невестата со своето раскошно деколте, која не само што се забавуваше, туку ја користеше и секоја можност со селфи да ги овековечи најважните моменти во својот досегашен живот!
Меѓу гостите имаше исто така и други повеќе или помалку познати скопски фаци, воглавном млади луѓе, а естрадно – новинарска фела ја предводеше екипата на најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“.
Водителот Миро Кацаров ја делеше дружбата со познатите ѕвезди…
…A, Александар Блажевски дури и го зеде микрофонот и заедно со популарната Васка ја запеаја „Ѓурѓевдан“.
Менаџерската легенда на некогашна Југославија, единствениот Велибор Џаровски – Џаро, заедно со својата ќерка новинарката Милица Џаровска ја надополни „ол стар“ екипата на јавни и познати лица.
Се на се’ свадбената веселба на музичкиот менаџер и неговата избраничка наликувала на една голема журка на која сите добро се забавувале, дружеле и фотографирале… Нешто како приватен концерт со повеќе ѕвезди од затворен тип! Како и да е, нека е со среќа!