Подготвени за одмор: Ова се најчестите пет прекршоци за кои дебело се казнува во соседството

ИЗВОРСкопје24
|

Годишните одмори веќе почнаа, а со тоа и заминувањето на море. Грција, Црна Гора, Хрватска, Бугарија… се дестинациите каде што најчесто се оди и кои се најпопуларни кај туристите од Балканот.

Голем дел од туристите патуваат со свои автомобили, а кога се во прашање сообраќајните прописи се однесуваат како да се во сопствената држава.

Сепак, тоа може да ги чини скапо. Затоа е многу важно да се знаат некои работи и особено да се нимава на нив. Кршењето на истите може да бидат причина за голема казна, па место одмор да се дојде до несакани нервози.

Во секоја држава казните изнесуваат различно, а петте најчесто кршени правила ќе можете да ги видите во продолжение. Меѓу државите е и Македонија која е меѓу поевтините кога се во прашање казните.

1.ВОЗЕЊЕ СО ПОГОЛЕМА БРЗИНА ОД ДОЗВОЛЕНАТА: МАКЕДОНИЈА – од 20 до 300 евра, ГРЦИЈА – од 40 до 750 евра, ЦРНА ГОРА – од 450 до 2.000 евра, ХРВАТСКА – од 40 до 2.029 евра, БИХ – од 15 до 511 евра и во БУГАРИЈА – од 5 до 76 евра или одземање на дозволата.

2.ВОЗЕЊЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ: МАКЕДОНИЈА – од 250 до 400 евра, ГРЦИЈА – од 78 до 625 евра (во зависност од промилите), ЦРНА ГОРА – од 70 до 2.000 евра или одземање на дозволата, ХРВАТСКА – од 135 до 2.029 евра, БИХ – од 200 до 500 евра и во БУГАРИЈА – од 102 до 306 евра или 1022 евра (повторен прекршок).

3.ВОЗЕЊЕ БЕЗ БЕЗБЕДНОСЕН РЕМЕН: МАКЕДОНИЈА –20 евра, ГРЦИЈА – 350 евра, ЦРНА ГОРА – од 40 до 100 евра, ХРВАТСКА – од 67 евра, БИХ – од 30 до 70 евра и во БУГАРИЈА – од 25 до 50 евра.

4.КОРИСТЕЊЕ НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ЗА ВРЕМЕ НА ВОЗЕЊЕТО: МАКЕДОНИЈА – 45 евра, ГРЦИЈА – 100 евра, ЦРНА ГОРА – 60 евра (или во зависност од расположението на полицаецот), ХРВАТСКА – 67 евра, БИХ – 50 евра и во БУГАРИЈА – 25 евра.

5.НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ: МАКЕДОНИЈА – 45 евра, ГРЦИЈА – од 40 до 80 евра и носење на автомобилот, ЦРНА ГОРА –60 евра и носење на автомобилот, ХРВАТСКА – 60 и носење на автомобилот, БИХ – 40 евра и носење на автомобилот и во БУГАРИЈА – од 5 до 30 евра казна.