Пејачот Елвир Мекиќ пред неколку години се пресели во Сараево, каде што живее со својата сопруга Лејла и со синот Дарис кој има шест години.
Елвир со Лејла сношти беше во Скопје, на свадбата на својот близок пријател и соработник Кристијан Стефановски од продукција „Прагма“ и неговата избраничка Ана. Атрактивната сопруга на Мекиќ е сопственичка на салон за убавина во Сараево.
„Тука сум на неколку дена. Во Сараево сум со сопругата и со синот, тој наполни шест години. Доаѓам повремено за да ги видам блиските и пријателите. Инаку, во Босна работам на моја авторска и на музика за други изведувачи“, изјави Мекиќ за Женски магазин на концертот на Здравко Чолиќ во петокот.
Елвир Мекиќ во минатото беше еден од најактивните пејачи на македонската музичка сцена, а денес работи и живее во Босна.
Иако приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста, сепак во пресрет на свадбата на неговиот пријател Кристијан можете да забележите како изгледа денес. Дали ви изгледа променет или тоа е истиот Елвир кој го паметите?