Снимена драмата на летот Приштина-Базел: Силни турбуленции во авионот, летаат столици (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Десет лица биле повредени откако авион од типот „Боинг” од АКЛ Ерлејнс, кој патувал од Приштина кон Базел, Швајцарија имал големи турбуленции, кои траеле од 20 до 25 минути пред слетувањето.

Инцидентот го потврдила за новинската агенција „20 минутен” портпаролката на аеродромот во Базел Вивиен Гаскел, пренесува „Албинфо.цх“.

Според неа, авионот во кој се наоѓале 121 патник, слетал во 20:07 часот и 10 лица веднаш биле однесени во градската болница во Базел. Таа не дала инфомација за причините што довеле до овој настан.

Читател за агенцијата „20 минутен” изјавил дека членови од неговото семејство кои биле во авионот му кажале дека од силните турбуленции и столиците излегле од место, а некои луѓе претрпеле сериозни повреди, пренесува „Бота сот“. Овој медиум информира дека читател испратил видео на кое се гледаат турбуленциите, а патниците почнуваат да се молат.