Во кинеската култура веќе илјада години се проучуваат бенките на човековото тело не само од медицински аспект туку и како показатели на нечија судбина.
Местата на кои се наоѓаат бенките на нашето тело поврзани се со нашата судбина.
Се делат на видливи и сокриени. Бенките што ги имаме на лицето се видливи за сите, а оние на телото не се па затоа ги нарекуваат скриени. Говорејќи општо за бенките, скриените бенки како оние што ги имаме во веѓите, косата, брадата и слично, носат многу поголема среќа од оние бенки кои се наоѓаат на видливи места.
– Бенка на темето – среќа цел живот.
– Бенка во веѓата – богатство и долг живот.
– Бенка во косата – скриена среќа.
– Бенка на веѓата – брилијантен мозок и научна кариера.
– Бенка на усните – автомобил, куќа, убава облека.
– Бенка на брадата – среќа со недвижнини.
Исто така, неодамна, твитерџиката Ајрин Вајтли објави фотографија од нејзиниот рачен зглоб покрај зглобовите на нејзините пријателки тврдејќи дека сите жени имаат бенка на средината на овој дел од раката. За да ја докаже својата теорија, таа побара од Интернет заедницата да ѝ помогне да ја тестира хипотезата. После ова, доказите почнале да навираат. Некои се малку на страна, други на опачината на раката, трети замаскирани од околните пеги, но сепак, изгледа скоро секоја жена ги има.
Предизвикот за бенките (freckle challenge) оттогаш стана вирален, а уште една корисничка додаде нов слој на мистеријата: „Секоја девојка има бенка на незиниот десен зглоб и/или на левата града“.
Прашањето е сега: Дали и вие имате бенка на рачниот зглоб?
Еве некои од изјавите на твитерџиките кои му се приклучија на предизвикот:
„Прво си мислев, не, нема шанси да имам јас. Потоа си го погледнав левиот зглоб.“ „Си помислив дека немам, но излезе дека мојата бенка сум ја криела под часовникот.“
„Ова ме наежи.“, „Јас немам. Дали ова значи дека не сум жена?“, „Вашите раце најчесто најмногу се изложени на сонце, па честитки на сите што статистички имате оштетување од сонцето.“, „Пресврт во приказната: Ова е вештерски знак, а сите ние сме група вештерки.“…