Денес е трет ден Духовден, празник кој се смета за роденден на Христовата црква. Денес, на светата педесетница, кога црквата го слави својот роденден, бидејќи на денешен ден Светиот Дух се симнал на апостолите Христови, не се оди на гробишта, туку е добро да се посети некој од нашите храмови и да се присуствува на литургија.
На овој ден се исполнило Христовото ветување за доаѓањето на Светиот Дух (Духот на Вистината, Утешителот, Силата одозгора, ветувањето на Таткото) што Христос им го даде заповедувајќи им на апостолите да не се одалечуваат од Ерусалим додека тоа не се случи.
На овој ден Христовите апостоли беа облечени со силата на Светиот Дух и комплетно оспособени да бидат Христовото тело на Земјата. На овој ден апостолите, од здружение на граѓани, откако го примија Светиот Дух беа трансформирани во Христова Црква. На овој ден апостолите беа трансформирани од едни збунети и уплашени Христови ученици, во вешти, до смрт лојални и храбри Христови проповедници со исклучителна јасност и длабоко разбирање на Христовата евангелска порака. На овој ден, по Петровата проповед, се крстија околу 3000 души и славно беше формирана првата Христијанска Црква. Затоа овој ден е наречен Роденденот на Христовата Црква.
Има едно погрешно верување меѓу народот дека Духовден се вика поради душите на оние кои не напуштиле. Но, Духовден се нарекува поради празнувањето на Светиот Дух, откривањето на третото лице на Света Троица, а не заради душата на оние кои не напуштиле, па затоа денеска како и во претходните два дена не се оди на вечните почивалишта.