Фестивалот „Влез“ на едно место ќе ги собере најголемите балкански ѕвезди

ИЗВОРСкопје24
|

Од 11 до 13 јули на Белградскиот саем во Белград, на отворено , ќе се одржи првиот премиум фестивал на популарна музика – „Влез“ кој на едно место ќе ги собере најголемите ѕвезди од Балканот, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во над 45 концерти на три тематски бини, а се очекува секој фестивалски ден да присуствуваат околу 50 илјади луѓе.

На фестивалот ве очекуваат најпопуларните пејачи од Србија и регионот, а тематските бини се – „Влез“, „Корени“ и „IDJTV“.

На бината „Влез“ ќе настапат Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ, Жељко Јоксимовиќ, Александра Пријовиќ, Саша Матиќ и многу други. Бината „Корени“ во чиј фокус се звуците на народната музика ќе ја збогатат Ана Бекута, Харис Џиновиќ, Весна Змијанац, Звонко Богдан, додека, пак, „ IDJTV“ бината ќе биде резервирана за омилените треп и поп изведувачи, како што се раперите Цоби, Стефан Ѓуриќ – Раста, Николија, Реља Поповиќ, Сенида, Теодора Џехверовиќ…