Финалето на „Ѕвездите на Гранд“ ќе се одржи во четврток, а 16-те финалисти ќе се борат за победа.
Досегашните победници обично добиваа песна и автомобил, а Саша Поповиќ реши оваа година дополнително да го награди натпреварувачот кој публиката и жирито со заеднички гласови ќе го направат победник.
Токму најдобриот годинава ќе добие автомобил, песна, спот, како и една специјална награда – настап на фестивалот „Улаз“ во Белград кој ќе се одржи од 11-13 јули, открива Саша Поповиќ за српските медиуми.
Инаку, македонија има четворица финалисти кои ќе се борат за победа, а тоа се: Мартинијан Кириловски, Дарко Коцевски, Огнен Здравковски и Филип Пецовски.
Им посакуваме среќа на сите!