На социјалните мрежи не запираат постовите на Маја Трпковска, мајката на Пино која неуморна бара правда за својот син.
Таа на Фејсбук објави комуникација која тврди дека е меѓу девојката Ангела која во моментов се наоѓа во притвор.
Во пораката која мајката тврди дека е помеѓу нејзиниот син и Ангела која прва ја почнува комуникацијата.
Мајката на Пино откри како го намамила девојката
Мајката на Пино се огласи на Фејсбук и распали по властите и по државата.
Нејзиниот статус може да го прочитате ОВДЕ.
Додава дека го намамила со зборовите ” Дојди, Дојди кај мене имам изненадување за тебе”.
Инаку, мајката на Пино Маја Трпковска со месеци бараше помош од МВР и водеше битка со институциите за пронаоѓање на нејзиниот син, кој го пријави за исчезнат на 11. декември минатата година.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава за две лица, осомничени за Пинета Секондо.
На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на село Љуботен е пронајден покриен со камења. По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се наведените лица, по што е добиена Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица, роднини на првопријавениот. Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона. По Ф.А. распишан е централен распис.
Осомничениот, 27-годишен жител на Скопје, делото од член 123 став 1 од Кривичниот законик го сторил на 11 декември 2018 година, околу 2 часот, откако претходно се сретнал со Пино. Тие заедно со патничко моторно возило „опел аскона“ пристигнале во атарот на село Арачиново во Скопје. По стореното дело, во обид да се скријат трагите, Пино бил пренесен во село Љуботен, каде е оставен во дупка и покриен со ќебе. Осомничениот се дал во бегство и во моментов е недостапен за органите на прогонот.