Проектот се нарекува Giant World Tour. Има и своја официјална страница каде се брои времето минатот на пат. Тој е првиот што ќе се обиде да го сруши Гинисовиот рекорд.
За Србинот Нинослав Трајковиќ кој со Yugo тргна на пат од Бечеј до Австралија пишувавме пред еден месец. Но, на Балканот има и други авантуристи кои имаат „луди идеи“. Новиот потфат што е најавен е од Хрватот Хрвоје Јуриќ. Тој тргна на пат околу свет – со електричен велосипед!
Проектот се нарекува Giant World Tour. Има и своја официјална страница каде се брои времето минатот на пат. Тој е првиот што ќе се обиде да го сруши Гинисовиот рекорд.
Јуриќ со велосипед патува од 2011 година. Двапати ги минал Алпите, од Лондон до Истанбул му требале 30 денови. Три пати стигнал до најсеверната топка во Европа, до Северниот рт во Норвешка.
Патешествието почна од Загреб, а потоа оди преку Словенија, па Унгарија, Словачка, Полска. Кога ќе стигне до Летонија и Литванија потоа влегува во Русија. Таму ќе вози најмногу – 9.700 км. односно 34 денови. Планот е секој ден да се минуваат по 300 км.
Хрвоје Јуриќ со себе ќе има и снимател кој ќе ги бележи сите моменти од патувањето. Имаат големо комбе во кое имаат се, од туш, кревет, кујна и се што им е потребно. Кога ќе стигнат до Владивосток потоа со авион одат за Австралија, а потоа на Алјаска.
Потоа се вози до ситокот на Канада, па се враќаат во Европа односно во Португалија, преку Шпанија, Франција, Италија и Словенија се враќаат во Загреб.
Видеото погледнете го ТУКА.
Извор: 24auto.mk