Кога ќе слушнете како пее се ќе ви стане јасно- Даниел Кајмакоски го покажа помалиот брат кој е копија на пејачот (ФОТО+ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Популарниот пејач Даниел Кајмакоски периодов е доста активен со настапи во регионот, а со тоа се почесто е редовен и на социјалните мрежи каде ги известува своите обожаватели за своите тековни активности на професионален план.

Но, меѓу повеќето такви објави, се најде и една која се однесувва на неговата приватност, односно на семејството и помалиот брат кој не го покажал досега во јавност.

Овој пат, Даниел сподели заедничка фотографија со помалиот брат Филип, кој не само што физички личи на бато, туку исто така е талентиран за пеење и свирење гитара.

-Мојот помал брат веќе е поголем од мене, напиша Даниел во описот на заедничката фотографија со братчето.

За да дознаеме нешто повеќе за Филип, го отворивме и неговиот профил на социјалните мрежи. За разлика од Даниел кој пред неколку години се исели од Австрија, Филип, барем според информациите на Фејсбук, се уште живее и се образува во Австрија.

Како што вели Даниел, Филип веќе е големо момче, а дали и професионално ќе тргне по музичките стапки на брата си, останува да видиме.

Во продолжение погледнете го видеото на кое Филип Кајмакоски ја пее и свири „Јовано, Јованке“:

Видеото погледнете го ТУКА.