Веќе подолго време домашните медиуми се обидуваа да извлечат потврда од поранешните љубовници Дарко Спејко и Љупка Митрова, дека нивната романса завршила.
Сепак, и двајцата како договорени молчеа по тоа прашање, иако беше очигледно дека „пукнала тиквата“.
По неколку месеци молк, прв кој реши да ја прекине тишината беше кумановецот Спејко, кој пред камерата на магазинот „Ексклузив“ за 1ТВ најпосле потврди дека не се повеќе заедно со струмичката блогерка Љупка Митрова.
„За Љупка имам само најдобри зборови и секогаш така ќе остане. Ништо, прекинавме. Не ја потврдувавме веста, ниту демантиравме ама подолго време како не сме заедно“, вели Спејко, а освен тоа ја откри и причината поради која повеќе не се заедно.
„Меѓу нас никогаш не постоела љубомора, се подржуваме, малку ни се одвоија патиштата, ништо сериозно. Ќе останеме во доби односи, и мислам дека секој пар што се подржува меѓу себе за време на врската, се подржуваат и после тоа. Јас секогаш за било која моја бивша девојка сум среќен кога ќе видам дека и таа е среќна, затоа што знам дека истото ми го посакуваат и мене“, изјави некогашниот победник во „Големиот брат“.
За време на снимањето на прлилогот, Спејко правеше нова фотосесија наменета за неговиот Инстаграм профил кој сакал со новите фотографии да го крене на повисоко ниво.
Разголен под туш, мокар и заводлив ги шармира девојките за кои вели дека се почесто му праќаат „опасни“ фотографии од кои е изненаден, но тоа му годи.
Љупка е веќе минато, а која девојка следна ќе се најде во наредната фотосесија на кумановецот, но и приватно ќе чекорат по истиот пат, останува времето да покаже.