Постарата ќерка на кралот на народна музика Шабан Шаулиќ, Санела Шаулиќ, живее со сопругот Зоран Бата Мирковиќ во луксузна вила на Авала.
Куќата каде живеат Санела и Зоран припаѓаше на белградскиот бизнисмен Миленко Мандиќ Манди кој на 15-ти јануари 2000 година го загуби животот во хотелот „Интерконтинентал“ со Жељко Ражнатовиќ Аркан и Драган Гариќ.
Бата имотот од Манде го купил од неговиот син Александар Мандиќ, а луксузната вила и денес важи за една од најубавите во Србија.
Имотот се простира на 60 ари, а поседува и луксузен базен со масажери.
Вилата има фудбалски, но и кошаркарски терен, а ја проектирал архитект од Њујорк, кој за проектот добил 100 илјади тогашни марки.
Александар во една прилика за српските медиуми откри дека вилата му ја продал на Бата.
-Татко ми остави пет локали, осум станови и семејната вила на Авала која ја продадов на фудбалерот бата Мирковиќ. Се потрошив, гледав на тоа како на одвратни пари – кажа манда своевремено.
Извор: Вистина.мк