Младиот Ангел Стојкоски го промовираше спотот за новата песна „Две сестри“ (ВИДЕО)

|

Во соработка со ИН продукција младиот Ангел Стојкоски деновиве снимаше нов спот за песната „Две сестри”.

За музиката и аранжманот на песната се погрижи Златко Миладиноски додека пак текстот е на Драган Матески. Песната е снимена во студиото на Љупчо Соколовски.

Премиера на официјалниот спот во продолжение. Уживајте!

Ангел Стојкоски има и четири други соло песни кои предизвикаа одлични реакции кај публиката.