Повеќето луѓе кога купуваат крема за сончање единствено обрнуваат внимание на заштитниот фактор. Сепак, овие креми имаат уште една многу важна ознака која ја означува ефикансноста на заштитата оценета со ѕвездички, а експертите во ова поле препорачуваат да се посвети поголемо внимание на неа.
Најделотворна и најдобра е онаа крема која на декларацијата содржи ознака „SPF“ која укажува на заштита од УВБ и ППД кои, пак, укажуваат на заштита од УВ зраците, а нивната размена треба да биде 3:1 или 2:1.
Една ѕвездичка е минимална заштита, две – средна заштита, три – добра, четири – многу добра затштиа и пет одлична.
Така, прозизвод со SPF 30 и 4 или 5 ѕвездички се смета за најдобра комбинација за заштита од сончевото зрачење.
Исто така потсетуваме дека кремите се нанесуваат половина час пред излегување на сонце. Децата до две години не би требало да се вадат надвор по високите температури, додека постарите деца треба да користат креми со поголем заштитен фактор.
Пијте го ова 10 дена пред одмор – бронзениот тен е загарантиран
Летните одмори почнуваат! Сега е вистинското време да почните со подготвување на телото за неколкудневното постојано изложување на сонцето.
Овој пијалак пијте го десетина дена пред одмор секој ден, а кожата ќе ви заблагодари.
Потребно ви е: 1 морков, 1 праска, 1 парче свежа тиква или диња и 1 јаболко.
Подготовка: Едноставно е, ставете ги сите состојки во соковник, а по желба може да додадете и други овошја заради подобар вкус. Додајте малку лимон заради витамин Ц и пијте го овој сок секојдневно пред појадокот.
Почнете со оваа навика најмалку 10-тина дена пред одмор, а додека се сончате, погрижете се да внесувате по барем еден морков дневно.
Тајната на морковот е во бета каротенот, кој ја штити кожата од UV зраците, ги обновува клетките и предизвикува многу побрзо менување на пигментот на кожата под сончевите зраци.
Ако редовно го консумирате, ќе може да се сончате на пријатно сонце, а не да се пржите како останатите девојки и ќе се вратите дома со повеќе од задоволувачки резултати.