На одмор во Грција: Каролина замина сo внуките на островот Родос!

ИЗВОРСкопје24
|

Најголема слабост на Каролина Гочева се внуките, Инес која има три години и седумгодишната Луција. Таа не крие колку ужива да го поминува слободното време со нив и постојано ги изненадува со нови работи и ги шета со себе при секоја можна прилика.

Пејачката овој пат на својот Инстаграм профил објави фотографии од одморот со внуките, на грчкиот остров Родос. Од насмевките на малите принцези се гледа дека и тие уживаат во времето поминато со тета Каролина.

Каролина со радост ги сподели момент кога Инес и Луција јаваат магаренца во гратчето Линдос.

Инес и Луција се ќерки на нејзината сестра Сандра и на зетот Иван и живеат во Битола.

Слушнете како звучи „Со маки сум се родила“ во изведба на Каролина во Њујорк

Каролина Гочева, во придружба на Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, во продавница за пијано на Менхетен во Њујорк, ја испеа песната „Со маки сум се родила“.

Видеото го сподели Бојаџиев на неговиот Фејсбук профил.

Пред околу месец дена пејачката беше на самостојната изложба во Њујорк на нејзиниот сопруг, младиот уметник Михаил Корубин, а Каролина слободното време го искористи да се дружи со своите колеги, нашинци кои живеат во САД, како и останатите пријатели и познаниници.

Слободното време во САД македонсото девојче го минува на различни начини. Вечерните часови се погодни за излегување и заедничка вечера со некои од веќе споменатите пријатели и ностекнати познаници.

Деновите во овој период од годишното доба во Њујорк се како создадени за прошетка.

Посетата на музеите е уште една можност да се спои убавото со коросното. Човек ем да прошета, да види да научи.

Онака неформално, опуштено, без шминка, но со широка насмевка и добро расположение за уште подобра дружба.