Како што се најавуваше силно невреме со пороен дожд, грмотевици и ветер попладнево го зафати Скопје. Поројниот дожд во Кисела Вода ги претвори улиците во реки, па возилата имаат проблем при нивното движење.
Граѓаните реагираат дека поројниот дожд кој на еден час врнеше, ги поплави нивните улици, а водата само што навлегла и во нивните домови.
Според фотографија на Ѕидот на сообраќајниот срам, кај надвозникот во Кисела Вода има река вода на улицата што граѓаните слободно можат да пливаат во неа.
УХМР најавува дека ваквото време ќе продолжи до петок. Потоа следи сонце и пораст на температурите.
Утре, во четврток времето претпладне ќе биде со мала до умерена облачност, попладне и особено на западот облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во вид на невреме.
За време на викендот не очекува вистински пекол, особено во првиот ден од викендот.
Во сабота времето ќе биде сончево и доста топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.
Максималната температура се очекува да достигне 37 степени.