Планетарно популарната манекенка Џиџи Хадид е една од најплатените убавици, а сега е и меѓу најбараните манекенки низ светот.
Џиџи Хадид ја знае цел свет, а она што малкумина го знаат е фактот дека нејзината мајка, Јоланда Хадид, учествувала во ријалити шоуто „Домаќинките на Беверли Хилд“, во кое открила многу изненадувачки детали.
Јоланда ја насочила Џиџи кон светот на моделството и ѝ рекла дека мора да ја жртвува одбојката за да не биде мускулеста како маж, бидејќи „манекенките мора да бидат слаби“, и почнала даја испраќа на кастинзи и снимања.
Таа на ќерка си ѝ рекла: „Продолжи да работиш за да можеш да си купиш стан.“
„Ме праша – ‘Мамо, ако успеам, можам ли да го напуштам училиштето’“, рекла Јоланда пред камерите во ријалити шоуто, па продолжила: „Ѝ реков дека ако продолжи да заработува 6-цифрена сума, нема да имам ништо против тоа.“