Секое лето поминувате покрај 230 тони злато и 1.500 тони сребро: Погледнете каде е тоа место

ИЗВОРСкопје24
|

Нашиот јужен сосед има многу неискористени резерви токму под планината Халкидики.

Таму се наоѓаат големи резерви на овој неискористен метал, се истакнува во eдно издание на “Handelblatt’s German Economic Chamber”.

Во извештајот е цитиран грчкиот портал “News.in”, кој наведува дека бројките се прилично импресивни и дека таму се наоѓаат најмалку 230 тони чисто злато и околу 1.500 тони сребро.

Експлоатацијата во рудниците Скриас и Олипиадс требало да започне на почетокот на 2015 година, но тоа не се случило, бидејќи не добиле дозвола од владата во Атина.